Според тврдењата на многу големи странски медиуми, тенисерите од Русија нема да смеат да настапат на Вимблдон .
Откако ИТФ им забрани на Русија и Белорусија да настапат во репрезентативно ниво, поточно во Дејвис купот и Купот Били Џин Кинг, Вимблдон ќе биде првиот турнир кој нема да дозволи да се натпреваруваат натпреварувачи од Русија.
Во претходниот дел од сезоната натпреварувачите од Русија и Белорусија имаа можност да настапат на сите турнири без истакнување на знамето и ознаките, а настапија како неутрални натпреварувачи.
Според Њујорк Тајмс, оваа одлука би се однесувала и на тенисерите од Белорусија.
Во тој случај не би можеле да настапат Данил Медведев, Андреј Рубљев, Арина Сабаленка и многу други, на пример Русија има четворица тенисери и дури осум тенисерки во најдобрите 100 рангирании.
Дека може да има проблеми со настапот на Русите и Белорусите можеше да се претпостави кога островјаните изјавија дека натпреварувачите ќе мора јавно да се откажат од својата политика и поддршка за Владимир Путин, но се чини дека тоа нема да биде доволно.