Ѓоковиќ го збриша Холанѓанецот Талон Грикспор со 3:0, во меч кој траеше 1 час и 39 минути и во трето коло се среќава со јапонецот Нишикори.

Најдобриот тенисер на светот се жалеше кај судијата и му објаснуваше дека не му смета што му довикуваат меѓу поени, туку дека тоа го прават пред секој негов удар и затоа бараше да ги опомени. Судијата не реагираше за да ги опомени гледачите за недоличните дофрлувања кон Новак па србинот самиот ја решаваше ситуацијата.

ВИДЕО:

https://twitter.com/nolekralju19/status/1433595320512954373?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1433595320512954373%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Foff.net.mk%2Foffside%2Frazno%2Fnovak-vo-klinch-so-publikata-na-us-open

Ѓоковиќ не е омилен кај публиката во САД а лани на истиот турнир беше дел од несекојдневен инцидент, кога удри во линиски судија со топче. Тоа му донесе дисквалификација и го спречи да се бори за трофејот во Њујорк.