Вечерва Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра против селекцијата на Холандија во второто коло од групата Ц.

Поразот од домаќинот Финска е веќе заборавен и уште денес Макдонија има шанса да ги запише првите бодови. Сепак репрезентацијата на Холандија е поквалитетен противник од Финците и ренгирана на 8мо место на ранкинг листата на ЦЕВ. о првото коло Холандија беше подобра од селекцијата на Шпанија со 3:0.

Ние ќе мора да влеземе мотивирано од самиот почеток на мечот и да дадеме се од себе за да стигнеме до позитивен резултат. Капитенот на Македонија веднаш по натпреварот со Финска изјави:

„Не чекаат уште четири натпревари. Традицијата ни покажува дека секој следен меч го играме подобро, па се надеваме така ќе биде и сега. Борбата за осминафиналето секако уште не е завршена“.

Натпреварот започнува во 19:00 со пренос на МРТ.