Матс Виландер остави голема трага во тенисот, а и по завршувањето на кариерата остана во овој спорт каде доста е актуелен, активен и постојано ги следи сите актуелности, случувања, дава стручна анализа и коментари.
Пред на е последниот календарнски грен слем Ју-Ес Опен на кој нема да го гледаме Новак Ѓоковиќ, а тоа за Швеѓанецот беше доволно да заклучи и пораче дека во моментов нема никаква смисла трката за најголем тенисер на сите времиња.
-Со се што се случува околу Новак Ѓоковиќ, таа сага меѓу него, Рафа и Рожер каде што се борат за титулата најдобар на сите времиња станува неважна. Пред се затоа што Новак не смее да игра.
-Мислам дека во иднина ќе зборуваме само за големината на големата тројка, во смисла дека сите беа заедно и играа во исто време. Мислам дека тоа е нешто што најмногу ќе се памети, порача Матс.