Во четвртокот беше извршена ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите за да сега го добиеме комплетниот распоред на натпреварите кои ќе се играат од 6 септември до 2 ноември.

Првиот ден ќе ни ги донесе дуелите од групите Е, Ф, Г и Х, а тоа значи дека наши фудбалери ќе бидат активни од самиот старт. Имено Стефан Ристовски и Аријан Адеми со нивниот Динамо Загреб ќе ја отворат завесата на новата сезона и тоа на домашен терен против англискиот великан Челси.

Тој дуел се игра од 18:45 часот на „Максимир“, термин во кој Борусија Дортмунд и ФК Копенхаген ќе ги одмерат силите на „Сигнал Идуна Парк“.  Во таа прва вечер дербито ќе биде во Париз каде ПСЖ ќе го пречека Јувентус, а активен ќе биде и бранителот на трофејот Реал Мадрид кој ќе има гостинска задача против Селтик.

Наредниот ден пак се групите А, Б, Ц и Д, ќе имаме две дерби пресметки и тоа во Италија каде Елиф Елмас со Наполи ќе го пречека Ливерпул, додека Интер ќе се обиде да дојде до позитивен резултат против најквалитетниот германски состав Баерн Минхен.

Ова е комплетниот распоред на групната фаза на елитното натпреварување: