Манчестер јунајтед ја запиша втората победа во Премиерлигата, откако денеска славеше на гостувањето кај Саутемптон со 1-0, а голот го постигна португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш.
Првото полувреме ни понуди многу возбудувања, а „ѓаволите“ не искористија неколку шанси во 19. минута, кога за пет секунди имаа дури четири удари кон голот на Саутемптон.
Саутемптон во завршницата на првото полувреме се закани кон голот на Давид де Хеа, но шпанскиот чувар на мрежата беше на висина на задачата.
Резултатот го отвори Фернандеш во 55. минута, кога ја затресе мрежата на Саутемптон зо водство од 1-0, по што домаќините тргнаа во напад и бараа израмнување, а малку недостигаше да стигнат до него, но ги спречи Диого Далот кој во 95. минута расчисти една топка од пред голот.
Исто така, на натпреварот дебитира новото засилување на Јунајтед, а тоа бразилскиот фудбалер Касемиро кој пристигна од Реал Мадрид.
„Црвените ѓаволи“ со новата победа се искачија до шестата позиција и имаат шест бода, додека Саутемптон е на 13. позиција со четири бодови.