Димитриевски во минатата сезона остана двапати несовладан против Барселона во два триумфи со Рајо Валјекано по 1-0, одбрани еден пенал (Мемфис Депај во Мадрид), а вечерва имаше шест одбрани со кои ги полуде каталонските ѕвезди во ремито 0-0. Севкупно во три меча Димитриевски има стоотстотен ефект на одбрани против Барса и вкупно десет одбрани.
Но, тоа што е позначајно е што стана само четвртиот голман во историјата кој успеал во две гостувања по ред на „Камп Ноу“ да остане несовладан против великанот, а такво нешто се нема случено од 1972 година или цели 50 години.
Во историјата на шпанскиот фудбал само три голмани пред Димитриевски успеале двапати по ред на „Камп Ноу“ да имаат чиста мрежа и тоа Еснаола со Реал Мадрид во 1967/68 и 1868/69, легендарниот Ирибар со Атлетик Билбао во 1970/71 и 1971/72 и Дуесто со Малага во 1971/72 и 1972/73. Димитриевски сега е четврти, а прв по половина век.
„Неверојатно е ова, Барселона да не ви даде гол на два меча по ред на „Камп Ноу“, рече Димитриевски вчера после ремито
Инаку, Рајо Валјекано е седми клуб во историјата кој успева на две гостувања во Барселона да замине без примен гол, а прв клуб по 31 година и Овиедо во сезоните 1989/90 и 1990/91.