Хрватска е прв финалист на завршниот турнир во Лигата на нации откако вечерва во Ротердам ја победи Холандија со 2-4. Холанѓаните се извлекоа во последните моменти од регуларниот тек со голот на Ноа Ланг и обезбедија продолженија (2-2), но потоа „коцкестите“ постигнаа два гола и заслужено обезбедија пласман во финалето.
Во второто полуфинале во четврток ќе играат Шпанија и Италија.
Дониел Мален во 34.минута донесе водство за Холандија, а Хрватска израмни преку Андреј Крамариќ кој реализираше пенал во 55.минута. Марио Пашалиќ се погрижи за пресврт во 72.минута, но Ноа Ланг израмни во 96.минута.
Хрватска беше сепак подобра во продолженијата. Бруно Петковиќ во 98.минута постигна убав погодок од далечина за 2-3, а триумфот го потврди Лука Модриќ од пенал во 116.минута.