За екипата на Евертон, која минатата сезона во последен миг се спаси од испаѓање од Премиерлигата, очигледно, проблемите не завршиле со летната пауза. Најдобар начин во каква состојба се наоѓа клубот, е да се види епското промашување на Деле Али, на синоќешниот пријателски натпревар против Минесота.
Минесота го совлада Евертон до 4-0, а избраниците на Френк Лампард не успеаја да постигнат гол и од најголемата шанса на натпреварот. Ја имаше Деле Али, кој успеа да промаши нешто што тешко е и да замислите да го промашите, камо ли реално да ви успее.
Фудбалерот кој некогаш важеше за голем англиски талент, сега има 26 години, а во Евертон дојде од Тотенхем во минатата полусезона и се уште нема постигнато гол, а како започнал тешко и дека ќе постигне.
Ова е втор пријателски дуел за „карамелите“ на турнејата во САД, откако загубија од Арсенал со 0-2.