Каталонскиот гигант Барселона се уште не е излезена од лошата финансиска ситуација и има големи проблеми за регистрација на нови фудбалери, но управата на Барса и понатаму се обидува да обезбеди квалитетни, а со тоа и скапи засилувања.
Каталонците, според информациите на шпанските медиуми, во финишот од преодниот рок ќе се обиде да потпишат со Рафаел Леао, кој во моментов е фудбалер на Милан. Италијанскиот тим бара околу 100 милиони евра за негово заминување, што е премногу за „банкротираната“ Барса, која, би требало да ја намали оваа сума.
Единствен начин на кој би се остварил овој трансфер е шпанскиот гигант да вклучи неколку свои фудбалери во своевидна размена, со што би можела да ги задоволи ригорозните услови од финансискиот фер-плеј. Ова, нормално, би било остварливо само ако Милан прифати да остане без Леао за да се засили на овој начин со фудбалери на Барселона.