После девет меча без триумф и три порази во низа, Штутгарт конечно успеа да ја запише првата победа сезонава во Бунделсигата и избега од опасната зона после триумфот со 4-1 против последниот Бохум, а Ајнтрахт Франкфурт го уништи Баер Леверкузен со 5-1 и учесникот во ЛШ го испрати во – зона за испаѓање.
Тренерската смена во Штутгарт се исплати и шок-терапијата после очајните пет бода во девет кола дадоа ефект, па за 22 минути, „швабите“ најавија дека нема да ја испуштат шансата за триумф откако Силас по три минути од пенал донесе водство, а Ахамада во 22-та ја дуплираше предноста. Бохум преку Золер во 29-та имаше само обид да се врати во мечот, зашто на средина од вториот дел Силас со втор гол (64.) и Ендо (71.) ја заверија убедливата победа со која Штутгарт сега со осум бода е на 14-то место над опасната зона поради подобра гол-разлика.
Мајнц со 2-0 славеше во Бремен кај Вердер за бодовно да се израмнат, по 15 бода, во првата половина од табелата, додека Волфсбург и Борусија Менхенгладбах ремизираа 2-2 во денешните мечеви.