Автогол на годината е постигнат во Бундеслигата, бидејќи голманот на Хајденхајм, Кевин Милер имаше неверојатен кикс на мечот против Ајнтрахт. Дефанзивецот му ја враќаше топката  на голманот а тој успеа да ја промаши целата топка иако таа одеше бавно кон него.

Натпреварот не изобилуваше со премногу шанси на двете страни, но во центарот на вниманието се најде домашниот голман Кевин Мулер, кој направи огромна грешка и ја промаши топката во обид да дегажира далеку од својот гол.

 

Топката се стркала во празната мрежа, а домашните навивачи беа во голем шок, но веднаш му изразија голема поддршка на својот голман, кој направи грешка во стилот на Пол Робинсон, кога Англија загуби во квалификацискиот натпревар против Хрватска во Загреб.