Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ, кој во вторникот го одигра својот 100-ти натпревар во Лигата на шампионите, беше прогласен за најдобар играч на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Интер, по што изјави дека не треба да се гледа колку години има, туку како тој играше.
Мислам дека не треба да се гледаат годините туку настапот, она што се прави на терен. Годините значат се помалку затоа што кариерите на фудбалерите се подолги, изјави 36-годишниот Модриќ, најстариот играч на Реал Мадрид.
„Се чувствувам навистина добро, како да сум под 30 години“, рече тој.
Модриќ истрча на „Сантијаго Бернабе“ со капитенската лента бидејќи капитенот Карим Бензема не настапи поради повреда, додека заменските капитени Марсело и Начо Фернандез мечот го започнаа на клупата за резерви. Хрватскиот играч за врска досега беше капитен само два пати – осумнаесет минути на 30 јуни на натпреварот меѓу Елче и Реал Мадрид и 72 минути минатата сабота против Реал Сосиедад, кога повредениот Бензема го напушти теренот.
Сакавме да бидеме први во групата за да ги избегнеме посилните екипи во осминафиналето.
Тренерот ни рече да не ги притискаме премногу, да им дозволиме да ја имаат топката на својата половина и да ги нападнеме кога ќе влезат во нашата“, забележа хрватсиот маестро .
„Кога ја имавме топката, добро ја контролиравме и создававме прилики. Така Тони (Крос) постигна гол. Можеби ние сакаме да бидеме оние кои долго ја имаат топката во своите нозе, но овој пат тренерот имаше ваков план“, објасни Модриќ.
Тој одигра 90 минути, а потоа го прегрна судијата Брих на кого ова му беше последен натпревар како меѓународен судија.
„Публиката на Бернабе беше фантастична. Ни помогнаа од првата минута, беше одлично“, заклучи Модриќ, кој во вторникот се запиша во „клубот 100“ од Лигата на шампионите .
Реал Мадрид е водечки тим во шпанското првенство со осум бода повеќе од второпласираната Севиља, а со натпреварот против Интер успешно го заврши првиот дел од Лигата на шампионите.