Стигна и официјалната потврда, Лука Модриќ потпиша договор со Реал Мадрид до летото 2023 година. Клубот од Мадрид го потврди потписот на договорот .

Она што пред извесно време беше целосно усогласено, сега стана и официјално. Лука Модриќ го продолжи договорот со Реал Мадрид до летото 2023 година.

Одличните игри на Модриќ минатата сезона, заедно со неговата голема желба да остане, се одраз на тоа што ова беше лесна работа и немаше големи тензии во преговорите. Се споменуваа и некои други клубови како заинтересирани за доведување на Модриќ, но неговата желба од почетокот беше да остане во Реал.

Во Мадрид денеска се одржа церемонија на која Модриќ во друштво на претседателот Флорентино Перез го потпиша договорот и со тоа го потврди останувањето во дресот на Кралскиот клуб и следната сезона.

Сето ова се случи меѓу двата настапи на хрватската репрезентација во Лигата на нации, Модриќ накратко го напушти репрезентативниот камп и се упати кон Мадрид, но се очекува негов настап на гостувањето на Хрватска во Данска.

„Многу сум среќен и горд што ќе продолжам барем уште една сезона ќе играм во дресот на Реал Мадрид. Ќе продолжам да давам се од себе за овој клуб, ви благодарам на сите за поддршката и љубовта. Хала Мадрид“, изјави Лука по потписот.

Инаку, мадриѓаните се уште бараат и доведуваат играчи кои евентуално треба да го заменат денешниот искусен среден ред, таму веќе е Едуардо Камавинга, а сега пристигна и Аурелиен Чуамени.