Според информациите на „Скај“, Баерн понудил 30 милиони фунти за да го купи Мане, но „црвените“ експресно ја одбиле и оваа подобрена понуда, зашто првата што ја испратија Баварците беше за пет милиони фунти помала, односно 25 милиони фунти.
Мане е пред заминување од Ливерпул, а ова е последна шанса англискиот премиерлигаш да го продаде зашто Сенегалецот влегува во последната година од договорот, но „црвените“ не сакаат за малку пари да се откажат од својот фудбалер, но ова е и еден вид „тактика“ додека не осигураат некое сериозно засилување како замена.
Мане веќе безмалку еден месец се поврзува со доаѓање во Баерн, а англиските медиуми веќе објавија дека неговиот актуелен соиграч Тијаго Алкантара, кој е екс-фудбалер на Баерн му се понудил да му помогне да одбере живеалиште во Минхен.