Тажна вест го погоди спортскиот свет, откако од Јужна Африка дојде информација дека починал боксерот Симисо Бутелези, за кого преку ноќ дознаа многумина, откако се појави видео како пред крајот на борбата против Сифесиле Мтунгва за појасот на Африка дезориентирано го удира воздухот.

Утринава се појави вест дека е во индуцирана кома и дека лекарите се борат за неговиот живот, додека попладнево беше потврдено дека починал и повеќе не е меѓу живите.

 

 

Причината за неговата смрт е крварење во мозокот.