Американскиот атлетичар, Фреди Керли, го оствари најдобриот резултат годинава во трката на 100 метри, откако на националното првенство на САД во Јуџин (Орегон) оваа патека ја истрча за 9,76 секунди, со што најави потенцијал дури и за достигнување на неверојатниот Усеин Болт.
Освојувачот на сребрениот медал на ланските Олимписки игри во Токио го постави шестото најдобро време во историјата и тоа на самиот почеток на сезоната, со што најави дека наскоро би можело да има нов крал во најбрзата трка.
Со овој триумф, Керли се пласира на Светското првенство (СП), кое ќе се одржи на крајот од јули исто така во американскиот град Јуџин.