Кубанските боксери сега ќе може да влезат во професионалниот свет, зашто досега такво нешто не им беше дозволено, поради националната политика кубанските боксери да носат што е можно повеќе медали од најголемите натпреварувања, пред сѐ Олимписките игри, каде настапуваат само аматерски боксери.
Кастро го забрани професионалниот бокс во земјата во 1962 година, три години откако го урнаа режимот на Фулгенсио Баптиста, кој беше поставен и поддржан од САД. Куба и на последните ЛОИ во Токио беше најуспешна боксерска нација со четири злата и една бронза.
Сега останува да се види, дали Кубанците успехот од аматерскиот бокс може да го пренесат и во професионалниот.