Селекторот на ракометната репрезентација на Mакедонија, Кирил Лазаров го објави списокот со 23 играчи со кои ќе ѝ се спротивстави на Чешка во баражот за пласман на Светското првенство.
Откако веќе беше објавен список со 35 ракометари, дванаесет од нив отпаднаа од комбинација пред првиот собир на репрезентацијата. По „резот“, во комбинација за настап останаа и двајца дебитанти во имињата на Дарко Кондев и Петар Атанасијевиќ, кои ќе кандидираат за местото десно крило покрај искусниот Гоце Ојлески. На списокот го нема повредениот Цветан Кузманоски.
Подобриот од овој двомеч ќе обезбеди билет за пласман на Мундијалот кој ќе се одржи во Полска и Чешка.