Ракометарите на Шведска ја победија Шпанија со 29-26 (11-11), во второто коло во групата А од Олимписките игри. Средбата во Париз понуди израмнет прв дел, а потоа скандинавците беа подобри и заслужено триумфираа.
Швеѓаните го презедоа водството, и пред полувремето поведоа со највисоки 11-7. Шпанија со четири гола во низа дојде до егал (11-11) на полувреме.
Во продолжението Шведска, даде пет гола, а прими само еден и пак поведе со четири разлика. Шпанците намалија, на „минус два“, но тоа беше сè од нив. Скандинавците се одлепија и изградија предност која достигна највисоки седум гола (27-20 и 28-21).
Најефикасен играч на натпреварот беше Фернандез со седум голови, додека кај Шведска, Пелас, Карлсон и Бергендал постигнаа по пет. Тобијас Тулин со петнаесет интервенции беше нерешлива енигма за „црвената фурија“.