Грција надополни 16 поени негатива, па го доживеа и вториот пораз на Олимписките игри откако денеска загуби од Шпанија со 84-77.
Грците добро го почнаа мечот, во текот на првата четвртина имаа предност од осум поени разлика, беше 20-12. Но како одминуваше мечот Шпанија во вториот период дојде до водство, на полувремето се замина со предност на Шпанците од 49-35.
На почетокот од вториот дел Шпанија дојде и до највисоки 16 поени разлика. Грците инспирирани од Адетокумбо кој почна сам да игра успеаа да се вратат. Во последниот период дојдоа и до израмнување од 71-71.
Но, финишот им припадна на Шпанците, Грција преку Адетокумбо промаши тројка за израмнување во финишот, противникот казни со четири поени во низа за победа од конечни 84-77.
Најефикасен кај Шпанија беше Алдама со 19 поени, имаше и 11 скокови, Љуљ постигна 13 поени, Фернандез 10. Во составот на Грција доминираше Адетокумбо со 27 поени и 11 скокови, втор стрелец беше Толиполус со 14 поени.