Никола Јокиќ го предводеше Денвер Нагетс до победата во премиерниот натпревар во НБА сезоната.

Јокиќ забележа дабл-дабл во пресвртот на Нагетс против Феникс Санс за 110: 98.

Србинот постигна 35 поени (13/22 од игра) со 13 скока и две асистенции за 35 минути на паркетот.

Нагетс славеа по 16 поени заостанување против тимот што ги „исчисти“ во плејофот минатата сезона со 4-0.

Од неговите соиграчи одличен беше и Вил Бартон со 20 поени, шест скока и пет асистенции, додека Мајкл Портер постигна 15, а додаде и шест скока и пет асистенции.

Двоцифрени беа уште и Грин со 13, Гордон со 12 (осум скока) и Досиер со 10 поени.

Во редовите на вицешампионите во НБА најефикасен беше Бриџис со 16 поени и пет асистенции, Ајтон додаде 15, со шест фатени топки, додека Букер постигна 12 поени.

ВИДЕО

Денвер немаше особено добра предсезона, но сега кога беше важно, покажа многу.

Следниот натпревар го игра в сабота против Сан Антонио Спарс