Клеј Томпсон, еден од најдобрите шутери на денешницата, по 31 месец се враќа на НБА паркетот.
Откако пропушти две сезони по ред поради кинење на лигаментите на коленото, а потоа и на Ахиловата тетива, Томпсон ќе биде во тимот на Голден Стејт Вориорс на мечот со Кливленд Кавс ноќта меѓу сабота и недела.
Точно 941 ден од последниот натпревар, пред долгата пауза поради повреди.
Ѕвездата на „воините“ ја заработи првата повреда во финалната серија во 2019 година со Торонто Репторс, а потоа на тренинг и втората најтешка повреда во спортот – Ахиловата тетива.
Томпсон освои три шампионски прстени со Вориорс и пет пати беше учесник на Ол Стар.