По победата на Хрватска над Русија вчера со 30:24, денеска се одигра вториот пријателски натпревар на овие репрезентации, но со сосема поинаков исход. Овој пат Русите славеа во Осиек (28:26)
Хрватските ракометари настапија без своите најдобри надворешни играчи Домагој Дувњак и Лука Циндриќ, кои се во изолација поради позитивни тестови за коронавирус, по вторпат не успеаја да ја совладаат Русија во Осиек. Хрватска беше поразена со 26:28 и со пораз оди на ЕВРО, каде во четврток во Сегед ќе се соочи со Франција.
Хрватска го доби првото полувреме со 13:11 благодарение на одбраните на Иван Пешиќ (8) и головите на расположениот Халил Јагањац. Средината на вториот дел беше проследена со тактички варијанти и ротации, технички грешки и лоша игра во одбраната, што Русите го искористија и заслужено славеа.
Јагањац постигна девет гола, а Ловро Михиќ и Иван Мартиновиќ по пет, додека Димитриј Житников со пет гола ги предводеше Русите.
Хрватска на Европското првенство што ќе се игра од 13 до 30 јануари во Сегед ќе игра во групата Ц со Франција, Србија и Украина, додека Русија во Кошице ќе игра во групата Ф со Литванија, Норвешка и Словачка. Пласман во второто коло ќе обезбедат по две првопласирани репрезентации од секоја група.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина требаше да игра на „Купот на Хрватска“, но се откажа поради големиот број на играчи заразени со коронавирус.