Еден од најискусните ракометари Филип Меркуловски посочи после вториот пораз на Македонија со кој практично репрезентацијата се спакува за враќање дома дека со одење и со стоење не се победува никого.

Македонија загуби од Црна Гора и последниот меч во групата со Данска ќе биде само формалност.

„Многу сме разочарани. Факт е дека сме поквалитетни од Црна Гора, ама фаворитите секогаш не победуваат. Не може со одење и со стоење да победиме! Трениравме добро, ама нешто не трениравме, а тоа е – душа и срце. Жал ми е многу, а неиграњето на Стоилов да не ни биде оправдување. Имаме квалитет, но тој не победи денеска“, рече Миркуловски.