Нашиот јужен сосед беше достоен противник само во првите 15 минути од средбата или до резултат 10-10. Во продолжението Македонија направи серија од 8-1 и ја покажа својата надмоќ. На полувремето резултатот беше 20-13.
Иако имавме убедливо водство тимот на селекторот Кирил Лазаров не се опушти и во вториот дел отвори со 6-1 за убедлива двоцифрена предност од 26-14. Нашето водство само се зголемуваше, бидејќи ракометарите не сакаа да се опуштат и играа максимално до крај за конечни 39-21.
Мартин Серафимов со седум голови беше најефикасен во нашиот табор, Иван Џонов постигна шест, по пет пати во листата на стрелците се запишаа Ненад Костески и Петар Атанасијевиќ. Марко Кизиќ на голот имаше 19 одбрани.
На вториот натпревар денеска во нашата група Б, Алжир славеше со 32-27 против Турција. Македонија во 2.коло ќе се сретне со Алжир веќе утре од 19 часот.