Норвешка иако имаше проблеми во првиот дел, сепак во второто полувреме одигра далеку подобро и успеа да ја оправда улогата на фаворит и да ја победи Литванија со 35-29. Со овј триумф Норвежаните ставија печат на пласманот во следната фаза на ЕП.
И во третиот меч вечерва, се разбира покрај оној меѓу Македонија и Данска, вистинска драма меѓу Чешка и Шведска. На крајот нерешено и тоа 27-27, бод кој им одговара на Швеѓаните и кои се пласираа во следната фаза на ЕП. Во оваа група – Е, Шпанија заврши како прва, втора е Шведска но само поради гол разликата, Чесите има за што да жалат кои на крајот завршија како трети.