Екипата на ракометарките на ЦСКА Москва, на македонската репрезентативка Сара Ристовска успеа да го освои трофејот во Купот на Русија и тоа откако славеше на завршниот турнир што се одигра во Ростов.
Клубот од руската престолнина во полуфиналето го надигра Динамо Синара за да во финалето по голема драма го сруши Ростов-Дон со 30:29.
Основниот дел донесе голема борба за секоја топка, секој милиметар на теренот, па по 60 минути игра резултатот беше 23:23. Победникот се решаваше на пенали каде гостинскиот тим подобро се снајде и дојде до нов голем резултат во клупската историја.
Македонското крило Ристовска беше меѓу најзабележителните играчи кај ЦСКА со четири погодоци од шест обиди.