Македонските тенисерки славеа победа со 2-1 во дуелот против Естонија во Втората евро-африканска зона на Били Џин Кинг (БЏК) купот.
Елена Малигина беше пресилна за Магдалена Стоилковска во првиот меч со 6-1 и 6-3, но потоа најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше со 7-6 и 6-4 против Каиа Канепи.
Во третиот, решавачки меч Стоилковска и Ѓорческа во двојки беа подобри од Канепи и Ингрин Нил со 6-3 и 6-2 за конечна победа против Естонија.
Македонија утре од 11 часот ќе ги почне натпреварите против Хрватска во групата А.