Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше избран во најдобрата петорка во кошаркарскиот Еврокуп, откако воодушеви со неговите извонредни настапи оваа сезона во елитното натпреварување.
Шортс има во просек од 23,4 индексни поени, а исто така постигнува и по 18 поени, како и 7,5 асистенции по натпревар во дресот на Париз.
Во идеалниот тим на Еврокупот се избрани и Тревон Вилијамс, Гејб Оласени, Ајзеа Мајк и Метју Морган.