Лос Анџелес Клиперс триумфира против Далас маверикс со 112-98, а повторно одлична партија имаше словенечката мега ѕвезда Лука Дончиќ.

Клиперси играа добро во првата четвртина, но Далас потоа го сврте резултатот во своја корист и на полувреме замина со 54-49.

Звездите на клиперси Џорџ и Ленард доминираа во вториот дел од натпреварот и со нивните поени го решија натпреварот.

Дончиќ беше предводник на Далас со 29 поени, 10 скокови и четири асистенции, додека Тим Хардавеј Џуниор имаше 22 поени и осум скокови.

Во победничкиот тим блескаше Ленард кој го заврши мечот со 30 поени, девет скокови и три асистенции, додека Џорџ постигна 21 поени, шест скока и четири асистенции.