Бостон Селтикс ги шокираше Голден Стејт Вориорс во првиот натпревар од финалето на НБА со пресвртот во четвртата четвртина, во кој негативата од 12 поени ја претвори во убедлива победа од 120-108. Нивниот најдобар играч не беше ниту Џејсон Тејтум ниту Џејлен Браун, туку ветеранот Ал Хорфорд, кој постигна шест тројки од 26 поени.
Тоа е најдобриот учинок за тројки во историјата на НБА за дебитант во финалето. Хорфорд одигра 141 плејоф натпревар во својата 15-годишна професионална кариера пред да го направи своето деби во едно финале.
Поранешниот соиграч на Перо Антиќ е роден во Доминиканската Република, за чија репрезентација настапува, а неговиот татко Тито помина три сезони во НБА лигата. Имаше фантастична универзитетска кариера во која освои две шампионски титули во NCAA за три години со Флорида, по што по трет пат беше драфтуван во 2007 година од Атланта Хокс.
Тој ги помина првите девет сезони со нив, потоа три во Бостон, кој го напушти во 2019 година, но тие го вратија минатото лето по две сезони во Филаделфија и Оклахома Сити. И тоа се покажа како фантастичен потег бидејќи Хорфорд со своето искуство, лидерство и глад за победи стана нивни клучен играч во овој плејоф.
„Долго го чекав овој момент. Знам дека е поинаку, но бев во слична ситуација на колеџ и се чувствував навистина удобно. Сакав тоа да го пренесам на тимот. Сакам да разберат дека тоа е само игра, да се излезе на теренот и да се забавуваат“, изјави Хорфорд по големата победа.