Кошаркарската репрезентација на Литванија се соочи со најголемиот дебакл од осамостојувањето.
Литванците загубија од Шпанија и го забележаа најлошиот резултат во својата историја на Евробаскетот, но тоа нема да ја загрози нивната визија.
Миндаугас Балчијунас, директор на Литванската кошаркарска асоцијација, изјави дека тренерот нема да биде сменет и дека сите ќе продолжат да работат според планот.
„Потребно е да се разбере дека Казис Максвитис првпат беше селектор на репрезентацијата, а веќе видовме како функционираат некои работи, колку е добар тренер и колку играчите го сакаат. Немаме многу тренери , а за време на првенството постојано разговаравме со Максвитис и му кажувавме дека му веруваме.Исто така му кажавме дека нема потреба да се размислува за заминување,не смее да има такви идеи.Му веруваме, имаме млад тим и во пракса се покажа дека резултатите доаѓаат дури по три години“, смета Балчиунас во разговор за BasketNews.
Се зборуваше дека Литванците би можеле да ангажираат странец во репрезентацијата, но на селекторската позиција и Миндаугас Балчијунас без никаков сомнеж ја отфрлија таквата можност.
„Тоа би било капитулација. Тоа е спротивно на сето она што е направено во историјата на литванската кошарка“, изјави директорот на федерацијата.