Никола Јокиќ влезе во историјата со неговите одлични настапи во НБА-лигата, а во минатиот меч блесна против Кливленд кавалирс и му помогна на Денвер нагетс да слави со 121-108.
Јокиќ запиша трипл-дабл со 28 поени, 15 скокови и 10 асистенции и така стана четврти кошаркар во историјата на НБА-лигата кој во шест различни сезони стигнал до повеќе од 10 такви остварувања (трипл-дабл). Такво нешто досега им успеа на Расел Вестбрук, Оскар Робертсон и Меџик Џонсон.
Повторно на паркетот му помагаше Џамал Мареј со 18 поени, додека на спротивната страна најефикасен беше Леверт со 22 поени.
Останати резултати:
Индијана – Портланд 108-99
Филалдефија – Чикаго 112-126
Њу Орлеанс – Бруклин 102-108
Торонто – Њујорк 108-112
Милвоки – Шарлот 109-138
Сан Антонио – Детроит 121-109
Денвер – Кливленд 121-108
Минесота – Клиперс 128-115
Лејкерс – Атланта 130-114
Финикс – Мајами 96-104