Тоа беше четвртти натпревар со 50+ поени во НБА во последните четири дена, а 14-ти во сезоната, откако Донован Мичел ден претходно го имаше еден од најдобрите настапи во историјата на НБА-лига со 71 поен, а Клеј Томпсон постигна 54 со 10 тројки, додека претходно Лука Дончиќ постигна 51 само неколку дена откако експлодираше со 60 поени. За споредба, во целата последна сезона имаше 19 такви натпревари.
Погледнете го зверското забивање на Јанис Адетокумпо…
Бостон има примено повеќе поени само еднаш во 77 години, синоќа го претрпе најтешкиот пораз сезонава во Оклахома Сити, каде слабите Тандер постигнаа дури 150 поени во победа од 150:117. На последнта средба Јута го совлада Сакраменто со 115-117.