Српскиот центар Никола Јокиќ го доби дуелот со Леброн Џејмс, и Денвер го совлада Лејкерс во Лос Анџелес со 124-114, но ова беше вечер на „кралот“ кој стана првиот кошаркар во НБА лига кој ја минал границата од 40.000 поени.
На дуелот против актуелниот шампион Денвер, Леброн Џејмс дојде до неверојатното остварување кое се очекуваше дека ќе го направи. Тој стана првиот играч со 40.000 поени во НБА лигата.
Лос Анџелес Лејкерс го загуби мечот во последната четвртина во која се влезе со израмнет резултат.ж, Денвер на крајот победи со 124-114.
Леброн Џејмс со 26 поени беше најефикасен во својот тим, но на теренот најдоминантен беше Никола Јокиќ кој го предводеше Денвер до триумф. Србинот постигна 35 поени, имаше и 10 скокови, дабл-дабл учинок имаа и Портер со 25 поени и 10 скокови, како и Мареј со 24 поени и 11 асистенции.