НБА е повеќе од спорт и апсолутно сите го знаат тоа. Честопати, НБА шоу-бизнисот е тој што привлекува многу повеќе внимание отколку случувањата на паркетот. Така беше и сега.
Во САД се многу внимателни како всушност доаѓаат кошаркарите на натпреварите. Некои од нив, како Расел Вестбрук, се обидуваат да бидат модни икони, но човекот кој беше дел од размената за него ова лето синоќа ги помести границите на ексцентричноста. Или невкусот, во зависност од перспективата.
Кајл Кузма влезе во салата во Вашингтон пред натпреварот против Шарлот во предимензиониран розов џемпер, а неговите ракави допираа до колена. Тој со својот моден израз го згрози целиот интернет, и навивачите и колегите кошаркари.
https://twitter.com/i/status/1462930083463634946“Нема шанси ова да го облечеш! Ова нема да му се допадне на никој бидејќи е скандалозно”, му напишал неговиот поранешен соиграч Леброн Џејмс, на што се обидел да го разубеди.
Како што пристигнаа критиките, тој ја смени плочата и почна да се правда дека надвор е студено.
Навивачите беа доста креативни во исмејувањето на Кузма и напишаа дека изгледа како едно дете да застанало на раменици за да се обиде да се прошверцува во натпревар, додека други му рекле дека заслужил суспензија од 15 натпревари поради оваа облека.
https://twitter.com/mollyhannahm/status/1462985229384265732?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1462985229384265732%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fpublish.twitter.com%2F%3Fquery%3Dhttps3A2F2Ftwitter.com2Fmollyhannahm2Fstatus2F1462985229384265732widget%3DTweetЗа почеток, тој беше казнет со поразот на Визардс од Шарлот 109:103.