Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со 2-0 славеа на гостувањето кај Виљареал во натпреварот од 5.коло од групата Ф во Лигата на шампионите и на тој начин се пласираа во осминафиналето. Головите ги постигнаа Кристијано Роналдо и Џејдон Санчо на крајот од натпреварот.
Најважниот момент на натпреварот одигран во Виљареал се случи кон крајот на натпреварот, во кој домаќинот беше нешто поактивен, но Јунајтед успеа да постигне гол. Фред ја освои топката на околу 20 метри и асистираше до Роналдо, кој од врвот на шеснаесетникот шутираше со лоб удар погоди за водство. Зголеми Џејдон Санчо со убав гол во 89. минута.
https://twitter.com/FastHd4/status/1463228410596110337?s=20Ова беше прв натпревар на Манчестер Јунајтед по отказот на менаџерот Оле Гунар Солскјер, односно прва победа за Мајкл Керик на премиерата во улога на в.д. тренер.
Во последното коло Јунајтед го пречекува Јанг Бојс.