Атлетико Мадрид со 3-1 го победи Атлетик Билбао, а во центар на вниманието беше црномурестиот Нико Вилијамс, поради расистички навреди од домашните навивачи.

Во текот на мечот се слушнаа расистички скандирања кон Нико Вилијамс кој на неколку минути го прекина мечот поради тоа.

Кратко по инцидентот постигна гол и во прославата покажуваше на бојата на својата кожа.

„Не е нормално да бидете навредувани поради вашата кожа. Знам дека има глупави луѓе секаде, но тоа мора да се промени“, рече Вилијамс по мечот.

„Фудбалерите на Атлетико Мадрид ми дадоа поддршка, тие ме разбираат, неприфатливо е да слушаш звуци на мајмуни, видов и слушнав како тројца го прават тоа“.

 

https://twitter.com/i/status/1784315774376595963