Леванте би можел да се соочи со црно сценарио и испаѓање од елитата затоа што има шест бодови помалку од безбедната зона, па тоа најверојатно ќе значи и заминување на македонскиот репрезентативец Енис Барди за кој постои интерес од три големи екипи.
Барди потпиша нов договор со екипата во 2018 година, па така по долга авантура би можел да си замине од шпанскиот тим и ќе биде на „слатки маки“ во изборот на неговата следна дестинација.
Еден од заинтересираните тимови е Арсенал, кој сака да го засили тимот за следната сезона затоа што постојат реални шанси да заигра во Лигата на шампиони (ЛШ).
Постои интерес и од Италија за Барди, а станува збор за тимот на Фиорентина, кој е загреан за услугите на македонскиот фудбалер, откако имаше разочарувачка сезона во Серија А.
Уште еден гигант е заинтересиран за Барди, а тоа е Борусија Дортмунд, која и оваа година заврши зад Баерн Минхен, а догодина ќе се обиде да ја прекине доминацијата на баварскиот клуб и затоа бара нови фудбалери.