Кошаркарите на Бурса продолжија со изненадувања во плејофот за Еврокупот, откако по Партизан на гости ја елиминираа и Цедевита Олимпија.
Избраниците на Душан Алимпијевиќ одиграа уште еден исклучителен натпревар во Љубљана и славеа триумф со резултат 85:83.
Во „Стожице“ беше видена голема драма, откако турскиот тим ја загуби големата предност што ја имаше во текот на целиот натпревар, а на крајот домашните стигнаа до напад за победа.
Џејкоб Пулен ја доби топката во последната секунда , по финта шутираше и постигна неверојатна тројка од табла.
Салата експлодираше, но Луиџи Ламоника го погледна видеото и виде дека Пулен тоа го направи со задоцнување.
Најефикасен кај победничкиот тим беше Дерик Нидам со 20 поени и неколку многу важни во финишот кога гостите ги одбија нападите на Цедевита Олимпија.
Одличен беше и Холанд со 16 поени и седум скока.
Кај домашниот тим , Јоги Ферел исто така постигна 20 поени, а Пулен остана на 15.
Бурса во полуфиналето ќе игра против Андора, која во вторникот вечерта како гостин ја изненади Гран Канарија и славеше со резултат 79:77.