Вчера беа одиграни два неверојатни натпревари во Серија А, при што Аталанта одигра 4-4 против Торино, иако беше пред пораз, додека Болоња го шокира Интер со 2-1 и му го отвори патот на Милан кон Скудетото.
Торино постигна гол преку Санабрија за водство од 1-0, по што Муриел и Рон стрелаа за 2-1, а до крајот на првиот дел Лукиќ израмни на 2-2.
Во вториот дел следеше целосен распад за тимот од Бергамо, кој прими гол преку Лукиќ и Фројлер (2-4), по што Пашалиќ и Муриел погодија за конечни 4-4, па Аталанта се спаси од дебакл на свој терен.