Познатата веб-страница Footy Headlines објави фотографии од новиот дизајн на домашниот дрес на Барселона за сезоната 2022/2023.
Како што пишуваат шпанските медиуми, тој бил инспириран од Олимписките игри во 1992 година, кои се одржале во главниот град на Каталонија.
Освен спортските планови, за клубот е важен и деловниот аспект. Затоа, клубот веќе го подготви дизајнот на новите дресови.
На приложените фотографии може да се види дека дресот има традиционални бордо и црвени риги и дискретни сини риги сместени на ракавите, вратот…
Но се уште нема лого на новиот спонзор – шведскиот стриминг сервис Spotify. Треба да има златна боја, исто како логото на производителот на дресови, американската компанија Најк.
https://twitter.com/Footy_Headlines/status/1519010431536349184?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1519010431536349184%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportclub.mk%2Fkako-pred-30-godini-novite-dresovi-na-barselona-se-apsolutna-romansa%2F