Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Валенсија со 4:1 во натпреварот од 20. коло на Ла Лига.
Најзаслужни за триумфот на лидерите во шпанскиот шампионат беа Карим Бензема и Винисиус Јуниор.
Французинот го доведе својот тим во водство, со гол од пенал во 43. минута, откако Касемиро беше фаулиран во шеснаесетникот на гостите.
На почетокот на вториот дел на сцена стапи Бразилецот кој во 52. минута ја измами одбраната и голманот на Валенсија.
Не му беше тешко да го постигне и својот втор гол на натпреварот во 61 минута, само се поклони и од гол линијата со глава ја смести топката во мрежата.
Во 76. минута Валенсија стигна до почесен гол преку Гонзало Гуедес, на кој Куртоа му одбрани пенал, но потоа Португалецот мирно реагираше со глава и ја испрати топката зад Белгиецот.
Точка на натпреварот стави Бензема, кој по асистенцијата на Менди ја погоди мрежата на Силесен во 88. минута.
Реал е прв на табелата со 49 бодови, има осум повеќе од Севиља, но и два меча повеќе.
Ова е втор последователен пораз на Валенсија и моментално е деветта со 28 бода.
Ла Лига, 20. коло:
Леванте – Мајорка 2:0 (0:0)
Солдадо 47, Моралес 90 + 6
Сосиедад – Селта 1:0 (1:0)
Ојарзабал 16
Гранада – Барселона 1:1 (0:0)
Пуертас 89 – Де Јонг 57
Реал Мадрид – Валенсија 4:1 (1:0)
Бензема 43п, 88, Винисиус 52, 61