Во вториот дел од натпреварот помеѓу Хрватска и Мароко, не беше досуден чист пенал врз Јошко Гвардиол , што цел свет го виде.
Хрватска водеше со 2:1, на 15 минути пред крајот, Јошко Гвардиол со топката влезе во 16-метарскиот простор, а потоа Софијан Амрабат намерно и без можност да стигне до топката го удри од зад грб по ногата.
Катарскиот судија на големо чудење сигнализираше да продолжи играта, а и да не го виде тоа, имаше ВАР на кој имаше низа снимки целосно јасни и нејасно е зошто не реагираше.
Коментаторот на Би-Би-Си Питер Вилсон не можеше да поверува дека не е досуден пенал.
„Ако ВАР не се вклучи за ова и не потврди пенал, тогаш не ни треба и не знам зошто е таму. Тоа е еден од најкласичните пенали што можете да ги видите“, изјави Вилсон.
Ко-коментаторот Дени Милс се придружи:
„Тоа беше прекршок, 100% пенал. Чиста и чиста грешка и Гвардиол со право е исфрустриран. За среќа немаше многу погрешни одлуки како оваа во првенството,но ова беше толку очигледно. Навистина не разбирам што тие видоа таму за да не биде досуден пенал“.