Аргентинската легенда и калчо-бомбардер во 90-те, Габриел Омар Батистута убеден е дека Наполи, чиј член е македонскиот дијамант Елиф Елмас ќе го освои скудетото и после повеќе од три децении, Неапол ќе слави нова трета титула во италијанскиот фудбал.
Во Неапол „скудетото“ се чека од 1990 година и ерата на Диего Марадона, под чија команда просечниот Наполи двапати беше првак, а наполитанците сега имаат плус седум пред Милан и Јувентус во шампионската трка. Легендата на Фиорентина кој со Рома во 2001 година стигна до својата единствена италијанска круна истакна дека токму за Наполи навива да биде шампион.
„Мислам дека Наполи ќе биде шампион. И навивам за Наполи да дојде до ‘скудетото’, зашто го заслужуваат. Веќе седум-осум години се обидуваат, неколку пати беа близу, но не успеаа и сега гледам дека се полни со самодоверба и многу желни да го освојат врвот. Имаат и добра предност, која не е така лесна да се стигне“, вели Батистута во интервју за „ДАЗН“.
Елмас викендов даде гол, негов четврти сезонава што е најдобар голгетерски ефект за македонскиот репрезентативец откако е дојден на Апенините, а има и една асистенција во 16 меча во Калчото од кои само пет се како стартер.