Рен продолжува со победничката серија со четврти триумф по ред, петти во последните шест меча и влезе во првата четворка во француската Лига 1, откако со пенал во 94-та минута успеа да победи на гостувањето кај Анже во 12-то коло (2-1).
Анже беше близу да го сопне фаворитот, откако успеа да израмни на стартот на вториот дел, но „давеникот“, кој е во опасната зона со само осум бода, не успеа да го издржи судиското надополнување, па пеналот што го реализира хрватскиот репрезентативец Ловро Мајер го реши победникот во четвртата минута од дополнувањето.
За Анже ова е четврти пораз во низа и сега останува претпоследен со осумте бода, два повеќе од фенерџијата Брест, кој има и меч помалку.
Рен со 24 бода сега е четврти, бод повеќе од петтиот Марсеј, а три помалку од вториот Ланс.