Лидерт во Серија А, Наполи го посрамоти Јувентус како никој досега во последните три децении. Македонскиот „дијамант“ Елмас со својот петти гол во калчо лига, стави печат на најтешкиот пораз на „старата дама“ уште од 1993 година. Елмас во 72-та минута од мечот, го даде петтиот гол за Наполи и ова е петти гол сезонава, а втор по ред, откако даде и од пенал изминатиот викенд на гостувањето кај Сампдорија во триумфот со 2-0.
Виктор Осимен постигна два гола, еден Кварацхелија, Рахмани и Елмас, беа стрелци во фудбалската лекција што наполитанците му ја одржаа на Јувентус. Наполи ја оствари својата најголема победа во меѓусебните пресметки, која долго ќе се памети на Апенините.
Наполи дојде до 15-та победа во 18 кола и сега има 47 бода, десет повеќе од Милан кој има меч помалку , Јуве остана на 37 на третата позиција.