Шпанскиот првак Атлетико Мадрид успеа да се врати во победнички ритам совладувајќи ја Осасуна на гости со 0-3. Жоао Феликс го постигна првиот гол уште во третата минута, а Луис Суарез по еден час игра зголеми на 0-2.
Третиот гол беше дело на Анхел Кореа во финишот од натпреварот.
По овој триумф, Атлетико Мадрид се наоѓа на четвртата позиција на табелата во Ла Лига со 42 бода.