Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов игра во одлична форма во дресот на Јагелонија, тим за кој одново беше стрелец во првенствениот дуел со Горник Забже.

Гостите се изборија за победа од 2-0, а голот со кој беше потврден триумфот, за трите бода беше дело на Чурлинов во 69 минута. Тој ја искористи топката која ја доби од Имаз и лесно ја спроведе во мрежата на домаќините.
Нашиот репрезентативец има два гола и две асистенции на осум лигашки средби во првенството во Полска.